ИНЕС РО Е ПРВИОТ ТРАНСРОДОВ МОДЕЛ НА НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА НА „ПЛЕЈБОЈ“

Лос Анџелес, (Хафингтон пост)

„Плејбој“ секогаш бил еден од лидерите во кршењето табуа и следен таков потег ќе биде ставањето на трансродов модел на неговата насловна страница, потег што беше прифатен и со критики и со воодушевување.

Таа чест ќе ѝ припадне на 26-годишната Французинка Инес Ро, која ќе биде плејмејт за изданието ноември/декември, како прв трансродов модел во 64-годишната историја на магазинот. Тоа ќе биде првото издание по смртта на основачот на магазинот, Хју Хефнер.

Ру веќе позираше за „Плејбој“ во мај 2014 година, кога откри како е тоа да се излезе во јавност како трансродова жена.

„Долго време живеев без да кажам дека сум трансродова личност. Ме плашеше помислата дека нема да можам да си најдам момче и дека ќе ме сметаат за чудна. Тогаш си реков дека треба да бидам тоа што сум и да ја кажам вистината за себеси. Тие што те отфрлуваат не се вредни како луѓе. Треба прво да се сакаш себеси“, вели Ро.

„Плејбој“ на свој начин им одговори на критичарите, па потсети дека јавноста слично реагираше и кога во 1965 година на насловната страница се појави Џени Џексон, како првата Афроамериканка во таа улога.

„Изборот на Ро за плејмејт е одраз на филозофијата на нашиот бренд. Ова е исправен потег. Се наоѓаме во периодот кога улогите на половите еволуираат“, изјави извршниот уредник Купер Хефнер.