ДЕЈВИД ЛИНЧ ДИЗАЈНИРАШЕ ЛИМЕНКИ ПИВО СО ТЕМИ ОД „ТВИН ПИКС“

Лос Анџелес, (Дезин)

Холивудскиот режисер Дејвид Линч дизајнираше лименки пиво, инспирирани од скиците за неговата култна ТВ-серија „Твин Пикс“.

Линч соработуваше со илустраторите Бен Коп и Кит Шор на дизаjните за пивото, што се продаваше на годинашниот дводневен „Фестивал на нарушување“ во Лос Анџелес, чиј основач е режисерот.

Користејќи ги цртежите кои Линч првично имал намера да ги продава, тимот дојде до три дизајни, базирани на специфични теми од „Твин Пикс“.

Првата сезона на серијата беше емитувана во 1990, втората во 1991, а по пауза од 25 години, во мај годинава следуваше нова сезона со 18 епизоди.

Како обожаватели на серијата, возбудливо беше да се користат тие легендарни референци, но, исто така, многу е важно да се креира секој концепт чисто и моќно“, велат дизајнерите.

Лименките се во три бои: златна, црвена и бронзена.

Знаејќи дека овие пива се во лимитиран број и се наменети за колекционери, сметавме дека е важно илустрациите да бидат на средина на предната страна, без да бидат нарушени од каква било типографија“, откриваат Коп и Шор.