ИРЕЦОТ ШОН ТОБИН ГО ИСТРЧА НАЈБРЗИОТ МАРАТОН НА АНТАРКТИК ДОСЕГА

Лондон, (Ројтерс)

Ирецот Шон Тобин славеше на 17. издание на Ледениот маратон на Антарктик, при што го собори рекордот на континентот. Трката се одржа на глечерот Јунион, а настапија повеќе од 60 натпреварувачи од 20 земји. Организаторите велат дека ова е најјужниот маратон на Земјата.

Дваесет и осумгодишниот Тобин ја истрча традиционалната маратонска делница за два часа, 53 минути и 33 секунди. Претходниот рекорд изнесуваше 2:54:54 часа.

Ова е најбрзиот маратон истрчан на Антарктик досега. Никогаш не сум видел вакво нешто, да бидеш способен да трчаш така брзо во овие услови. Тоа е како да трчате во песок“, изјави директорот на трката Ричард Донован.

Самиот Тобин ги опиша условите како „трчање во длабока кал“.

Во женска конкуренција славеше Американката Бети Пици со време од четири часа, 24 минути и 15 секунди.