ИСКЛУЧИТЕЛНО РЕДОК БЕЛ АЛИГАТОР СЕ РОДИ ВО ФЛОРИДА

Флорида, (Гардијан)

Исклучително редок бел алигатор се роди во тематски парк во Флорида, кој сега бара од јавноста да му избере име.

Имаме возбудливи вести од Гаторленд. За првпат откако гнездо леукистични алигатори беше откриено во мочуриштата во Луизијана пред 36 години, регистрирано е раѓањето на целосно бел алигатор од тие оригинални алигатори. Ова е повеќе од ретко, ова е прв ваков случај на светот“, изјави Марк Мекхју, претседателот на Гаторленд.

Белата женка истовремено доби братче со нормална боја на кожата (Фото: Гаторленд)

Леукистичните алигатори се најретката генетска варијација на видот американски алигатор. Тие се разликуваат од албино алигаторите по тоа што имаат светло-сини очи и дамки со нормална боја на кожата, но еднакво се чувствителни на сончевата светлина.

Белата женка истовремено доби братче со нормална боја на кожата.

(Фото: Гаторленд)