Квартетот гитари „Апеирон“ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт на Охридско лето, во црквата „Св. Софија“.

Ќе настапат гитаристите Микеле Амбрози, Влатко Боцевски, Вјекослав Црнобори и Рафаеле Пизано.

„Присутен на светските музички сцени повеќе од 15 години, гитарскиот квартет ‘Апеирон’ ја изведува својата концертна активност со цел да го открие и сподели оригиналниот репертоар за четири гитари, притоа инспирирајќи ги и мотивирајќи ги композиторите да пишуваат за овој ансамбл“, велат од Охридско лето.

Квартетот има настапено во Италија, Чешка, Романија, Хрватска, Словенија и Замбија. Во 2006 го издадоа својот прв албум „Апеирон“ со музика составена од Јорк, Дуарте, Броувер, Лорен, Милетиќ, Рак и Белинати.