ПРЕМИЕРАТА НА ТРЕТАТА СЕЗОНА НА „КРУНА“ НА 17 НОЕМВРИ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

„Нетфликс“ обајави дека премиерата на третата сезона од популарната ТВ-серија „Круна“ ќе биде на 17 ноември. Во првите две сезони британската кралица Елизабета Втора ја играше актерката Клер Фој, додека во третата и четвртата сезона таа улога ја презема оскаровката Оливија Колман.

Колман годинава доби Оскар за улогата на британската кралица Ана во „Миленичка“.

Нејзината претходничка, Фој доби повеќе награди како Златен глобус за улогата на Елизабета Втора.