ИВАН АЏИЕВСКИ СО ФОТОИЗЛОЖБА „МОНУМЕНТ ЗА НЕРОДЕНИТЕ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

На 23 септември во 19:30 часот, во Монтажната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе се отвори изложбата „Монумент за неродените“ на уметникот Иван Аџиевски.

Ова е неговата четврта самостојна изложба и претставува концептуален проект со кој се обидува на пошироката јавност да ѝ покаже критика на реалната општествена состојба како причина за миграција на младите од државата.

На изложбата се презентирани фотографии отпечатени на платно кои се модифицирани со апстрактен пристап со употреба на злато како медиум, создавајки 12 нови уметнички слики, на кои се прикажани непостоечки монументи во чест на неродените, изгубените генерации, како и отселените граѓани од државата.