ИВАН ИВАНОВСКИ СО ИЗЛОЖБАТА „ЕДЕН ОД НАС“ СЕ ПРЕТСТАВУВА ВО КИНА

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Уметникот Иван Ивановски се претставува со изложбата „One of Us“ (Еден од нас) во Музејот за сликарство на школата Лингнан, Академија за фини уметности во Гуанџоу, Кина. Изложбата ќе трае до 5 мај.

„Еден од нас. Една фигура се издвојува од останатите – фокусна точка, аномалија. Се поставува прашањето: Дали е ова еден од нас? Или еден од нив? Кои сме ние? Кој е тој? Кој сум јас? ‘Еден од нас’ е интерпретација на вклучувањето и одвојувањето, постојаното редефинирање на себе во однос на другите и поставува прашања за идентитетот и припадноста“, вели Ивановски.

„Еден од нас“ е дел од проектот „In Between“, кој ќе биде изложен во Музејот на уметноста „Сан Та“ во Гуанџоу во ноември.