Вечерва во 19 часот, во Националната галерија на Македонија (НГМ)-Чифте амам ќе се отвори изложбата од нејзината колекција „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско-херцеговски автори“.
Изложени се 110 слики и скулптури кои припаѓаат на таканаречената „Југословенска збирка”, што се формирала во првите години од основањето на Галеријата, а временскиот период на создавање на делата се движи од почетокот на 19. до средината на 20. век.
На изложбата ќе биде презентиран и дел од оригиналната архивска документација поврзана со формирањето на оваа збирка во периодот од 1948 до 1956 година.
Куратори на изложбата се Татјана Бундалевска и Славица Алексоска.