ИЗЛОЖБА СО ДЕЛА СО МАКЕДОНСКИ МОТИВИ ОД СЛОВЕНЕЧКАТА УМЕТНИЦА ГЕРЛОВИЧ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Да се живее уметноста“ е насловот на гостувачката изложба на Посавскиот музеј од Брежице, Словенија, која ќе се отвори денеска во 18 часот во мултимедијалниот центар Мала станица. Изложбата е посветена на стогодишнината од раѓањето на Аленка Герлович (1919-2010).

Изложбата претставува мал дел од донацијата на Герлович, врзана за цртежите што како љубопитна патничка, истражувачка и уметница ги бележела низ цела Македонија.

Во својата книга „Деланки од мојот живот“, Герлович запишала дека ликовните посети на Македонија во 1950-ите години биле обиколница во нејзиниот развој како пејсажна сликарка.

„Со тематската изложба на Аленка Герлович претставуваме избрани дела што таа ги создала меѓу 1953 и 1957 во Скопје, Охрид и Струга. Тука има многу фигури на жени во носии, мажи и деца од македонските села и од циганските маала. Чести се и мотивите на животни, што ги цртала на панаѓури и пазари, а ја влечел и македонскиот пејсаж“, велат од Националната галерија на Македонија.