ЈАТО АЈКУЛИ ВО НАПАД Е ПОДВОДНА ФОТОГРАФИЈА НА ГОДИНАТА

Лондон, (Би-Би-Си)

Фотографија која го покажува точниот момент кога група сиви ајкули напаѓа и загризува голема риба му ја донесе на Британецот Ричард Барнден годинашната награда за најдобар подводен фотограф.

Сликата е направена доцна ноќе на гребените на Француска Полинезија во Индискиот Океан.

„Кога се спуштив во водата, стотици ајкули го прекриваа дното. Оваа несреќна риба за момент затрепери и тоа мало движење алармираше цело јато ајкули. Додека го гледав тоа уништување, инстинктивно сликнав и неколку секунди подоцна, сѐ што остана беа лушпи од рибата во темнината и оваа фотографија во мојата камера“, изјави Барнден.

Едуардо Асеведо од Тенерифе ја има најдобрата фотографија од областа на морска екологија, која прикажува желка заплеткана во отфрлена пластична рибарска мрежа.

Фотографите се натпреваруваа во вкупно 13 категории.