ЈУПИТЕР И САТУРН СЕ СПОИЈА НА НЕБОТО, ИАКО БИЛЕ РАЗДАЛЕЧЕНИ 730 МИЛИОНИ КИЛОМЕТРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Облачното небо ги оневозможи луѓето во Македонија вчера да сведочат на илузија каква што се гледа еднаш во животот, кога Јупитер и Сатурн изгледаа како да стојат еден до друг. Тоа беше најблиското „големо спојување“ на двете најголеми планети во Сончевиот Систем од 1623 година, а за следен ваков небесен спектакл ќе треба да се почека до март 2080.

(Фото: Ројтерс)

Орбиталните патеки на овие две планети гарантираат големо спојување на секои 20 години, но тие често не можат да се видат со голо око зашто се случуваат дење. Овојпат, спојувањето се совпадна со Краткоденица во северната хемисфера, кога денот е најкраток во годината.

Месечината, Сатурн и Јупитер формираат триаголник над Њујорк (Фото: Гети)

Во оние делови од светот каде што спојувањето можеше да се набљудува, двете планети изгледаа како една голема светла ѕвезда, иако всушност тие биле раздалечени повеќе од 730 милиони километри.

Спојувањето на Јупитер и Сатурн снимено над Аликанте, Шпанија (Фото: ЕПА)