КАИСЕДО ПОТПИША ЗА ЧЕЛЗИ, КОЈ ЌЕ МУ ПЛАТИ РЕКОРДНИ 115 МИЛИОНИ ФУНТИ НА БРАЈТОН

Лондон, (Би-Би-Си)

Челзи уште еднаш го собори рекордот на британскиот фудбал откако го комплетираше трансферот на Моисес Каиседо од Брајтон вреден почетни 100 милиони фунти, што треба да порасне на 115 милиони. За 21-годишниот еквадорски плејмејкер наддаваше и Ливерпул, чија последна понуда изнесуваше 111 милиони фунти, што исто така ќе беше британски рекорд, но тој го преферираше Челзи.

Не размислував двапати кога ме повика Челзи, знаев дека сакам да потпишам за клубот. Ова е остварување на сон и едвај чекам да почнам со тимот“, кажа Каиседо при потпишувањето на осумгодишниот договор.

Тој му се придружи на Брајтон за само четири милиони фунти во февруари 2021 и минатата сезона му помогна да заврши на шестото место во Премиерлигата. Се очекува Брајтон за кратко време да заработи уште 15 милиони фунти од овој трансфер, што се базира врз настапите на Каиседо.

Во средниот ред на Челзи сега играат двајцата најскапи играчи во историјата на британскиот фудбал, Каиседо и Енцо Фернандес, за кои издвои вкупно 222 милиони фунти.