КАЊОНОТ САКЛИКЕНТ ВО ТУРЦИЈА СТАНА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ЗА ДВА ДОЛАРИ ВЛЕЗ

Турција, (СИ-ЕН-ЕН)

Kлисурата Сакликент се наоѓа во близина на „Тиркизниот брег“ на југозападна Турција, и се смета за едно најголемите природни чуда во земјата, висок и тесен отвор во чиста карпа од која се излеваат сините води на студената река што се спушта од планината Таурус.

Долг околу 18 километри и ѕидови до 300 метри Сакликент е најголемиот кањон во Турција. Сместен во својот национален парк, тој е познат и како „Скриена долина“ или „Изгубен град“.

Над влезот во клисурата се вее џиновско турско знаме. Во лето, ова место е магнет за туристите кои се забавуваат прскајќи се и возејќи се по реката во гумени чамци.

Многу дневни тури го нудат Сакликент на нивните маршрути, со поаѓања од крајбрежните градови Анкара, Фетије или Каш. Сепак, ова место освен како туристичка атракција е познато и како место со висок ризик. Кањонот е тесен и може да се случи одрон на камења.
Сакликент не тврди дека е без опасност. И пред и откако ќе влезете има големи знаци кои предупредуваат дека претстојат стапици. „Првите 500 метри од пешачката патека на кањонот се погодни за деца под услов да се придружувани од возрасен“, советуваат тие.

На влезот од кањонот атмосферата е возбудлиива. Откако ќе ги купат своите билети кои чинат помалку од 2 долари,  посетителите поминуваат низ тесна пукнатина од карпи по дрвена патека која виси над водата.

Наскоро се отвора широка глетка на вода од сите страни. Овде има штандови за храна и пијалоци и маси за пикник каде луѓето седат со боси нозе во студената река. Препорачливо е Сакликент да не се посетува од доцна пролет до рана есен. Дури и во летните месеци, препорачливо е да се провери временската прогноза бидејќи врнежите можат да создадат проблеми. Две лица загинаа овде во јули во 2014 по летна поплава.

Посетителите исто така се советуваат да носат тврди капи, кои се достапни за изнајмување, иако малкумина го прават тоа. Соодветните чевли се задолжителни, а исто така се нудат за изнајмување.