КАРДИОЛОГОТ САШКО КЕДЕВ ГО ИСКАЧИ ПЕТТИОТ ВРВ ПОВИСОК ОД 8.000 МЕТРИ, СЛЕДУВААТ УШТЕ ДВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кардиологот Сашко Кедев вчера ја искачи Нанга Парбат во Пакистан, која со своите 8.126 метри е деветтата највисока планина на светот. Кедев бил дел од десетчлена меѓународна екипа, во која покрај петмина шерпаски водичи, биле и планинари од Кина, Пакистан, САД и Јапонија.

Истиот тим потоа продолжува кон уште два величествени врва во Пакистан, Г1 (8.080 метри) и Г2 (8.035 метри).

Нанга Парбат е петтиот од 14-те врвови повисоки од 8.000 метри што го искачил Кедев, со што е најуспешниот Македонец. Меѓу нив се и двата највисоки, Монт Еверест и К2.