Поетската збирка „Лирски елегии“ од поетот и доктор Александар Трајковски е објавена на англиски јазик, во превод на Зорица Врчковска. Под името „Lyric Elegies“, книгата е достапна во печатена и електронска форма преку сајтовите на „Barnes & Noble“, „Apple Books“, „Smashwords“ и други платформи за литература.
Книгата оригинално беше објавена минатата година од издавачката куќа „Дата Песнопој“.
Трајковски е доктор, поет, преведувач, толкувач и редовен член на Македонското научно друштво во Битола. Автор е на повеќе книги поезија за возрасни и деца, од кои „Лирски елегии” и „Поеми од Балканот” се преведени на над 10 јазици.
Студирал медицина во Букурешт, одлично го познава романскиот јазик и на него преведува дела од современи македонски писатели.