ЛАС ВЕГАС НА ПОЛНОЌ ГИ ОТВОРИ КАЗИНАТА ЗА ПРВПАТ ПОСЛЕ ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ

Лас Вегас, (АП)

Ноќеска во 00:01 часот по локално време, казината во Невада повторно почнаа со работа, за првпат откако беа затворени на 18 март поради коронавирусот.

Коцкањето ќе се одвива под нови безбедносни мерки: коцките ќе се дезинфицираат, ќе мора да се носи заштитна маска, ќе се ограничи бројот на играчи на масите и на влезот ќе им се мери температура на посетителите.

(Фото: АП)

„Можеби ќе биде малку различно, но мислам дека за секого ќе биде незаборавно и посебно“, изјави Бил Хорнбакл, извршниот шеф на ресортот „Ем-Џи-Ем“.

Невада и Лас Вегас во голема мера се зависни од туризмот и се проценува дека локалната економија претрпела загуби од 39 милијарди долари во изминатиот период.