МАКЕДОНИЈА СО НОВ РЕКОРД – 120 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Втор ден по ред, во Македонија има повеќе од 100 новозаразени со коронавирусот, при што денешната бројка од 120 случаи е рекордна од почетокот на епидемијата.

  • Две лица на возраст од 65 и 69 години починаа од последиците на коронавирусот.
  • Трагичниот биланс со тоа порасна на 147 мртви.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени нови 120 случаи на коронавирус (од 953 тестирања), 19 повеќе од вчера.
  • Ова е најголемата дневна бројка новозаразени од почетокот на кризата, а досегашниот рекорд беше 107 на 16 април.
  • Повеќе од половина од новите случаи се во Скопје – 67, па следуваат Куманово со 19 и Штип со 16.
  • Вкупната бројка заразени досега изнесува 2.611, од што 843 се активни случаи, а оздравеле 1.621 лице.
  • Поради наглото ширење на заразата, во Македонија вечерва повторно стапува на сила општа забрана за движење.