МАГИЧНО ЗАМРЗНАТО ЕЗЕРО ПОБЕДИ НА ИЗБОРОТ НА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА НА ДИВ СВЕТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Фотографија на магично замрзнато езеро во Италија победи на изборот за најдобра фотографија на див свет, што го организира Природонаучниот музеј во Лондон. Во последната рунда на изборот влегоа 25 фотографии, по што за нив гласаше јавноста. Тие беа селектирани од 50.000 фотографии испратени од 95 држави.

Кристијано Вендрамин ја снимил победничката фотографија на езерото Санта Кроче во северна Италија во 2019. Вели дека се пријавил на изборот во чест на покоен пријател, кој многу го сакал езерото.

„Потресната фотографија на Вендрамин го симболизира позитивното влијание што природата може да го има врз нашите животи и благосостојба“, кажа директорот на музејот Даглас Гур.

Меѓу петте финалисти се најдоа и: