Македонија ќе биде домаќин на Светското првенство во латино танци, што ќе се одржува од 6 до 11 ноември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Се најавува учество на над 1.000 танчари од повеќе од 20 земји, кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини.
Организатори на првенството се танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“, кои веќе имаат искуство на ова поле. Во 2018, тие го организираа Европското првенство во уличен танц, а потоа беа домаќини на ЕП во модерен и класичен балет во 2021 и на ЕП во хип-хоп танци во 2022 и 2023.
Поради добрата организација на овие првенства, Интернационалната танцова организација им ја додели довербата да го организираат и Светското првенство во хип-хоп танци следната година.