МАКЕДОНИЈА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претседателот Стево Пендаровски попладнево прогласи вонредна состојба во Македонија поради кризата со коронавирусот, од кој досега има 43 заразени во земјава, при што 11 се нови случаи.

  • Ова е првпат од прогласувањето на независноста во Македонија да е на сила вонредна состојба.
  • Вонредната состојба ќе трае 30 дена и ќе важи за целата територија на земјата.
  • Од денеска, Владата и министерствата ќе имаат зголемени надлежности и ќе можат да ги користат сите ресурси на државата, и јавни и приватни, за поуспешно справување со кризата.
  • Вонредна состојба значи дека Владата ќе може да носи наредби, уредби и одлуки со сила на закон, со цел поголемо ограничување на луѓето и обезбедување поголеми средства за поддршка на економијата.
  • Владата продолжува да функционира како техничка, со учество и на опозицијата.
  • Пендаровски кажа дека парламентарните избори се одложуваат на неодредено време.
  • Македонија ги воведе првите рестриктивни мерки на 10 март, кога беа затворени градинките, училиштата и факултетите и беа забранети сите поголеми собири на луѓе.
  • Во понеделникот беа затворени сите гранични премини, а вечерва на полноќ се затвора и скопскиот аеродром.
  • Во Македонија досега се регистрирани 43 случаи на коронавирус, од кои првата пациентка е излекувана.
  • На светско ниво, денеска е надмината бројката од 200.000 заразени и 8.000 починати.