МЕКСИКО ГО ЗАПРЕ ПРОИЗВОДСТВОТО НА ПИВОТО „КОРОНА“

Мексико Сити, (Ројтерс)

Производството на пивото „корона“ привремено ќе биде запрено во Мексико поради пандемијата на коронавирусот.

Групацијата „Модело“, која го произведува пивото, објави дека ваква одлука била донесена откако мексиканската влада нареди затворање на сите несуштински активности во јавниот и приватниот сектор, мерка што ќе биде на сила најмалку до 30 април. Во земјата досега има речиси 1.700 заразени и 60 починати.

И покрај несреќната коинциденција со името, вирусот не влијаел врз продажбата на пивото. Од компанијата соопштија дека во првите три месеци од годината продажбата на нејзините пива пораснала за 8,9%.

„Корона“ и другите пивски брендови на „Модело“ се извезуваат во 180 држави.