Архитектонското студио „Хоба дизајн“ најави изградба на станбениот комплекс „Марбела“, инспириран од шпанскиот град кој ќе содржи серија вили во Келарабад, Иран.
Во обид да направи поодржлива алтернатива на типичен станбен блок, комплексот од 38.477 квадратни метри ќе биде составен од вили кои се базираат и на „регионалната архитектура и на локалните закони за животна средина“.
„Шаблонот се промени од модел на стан во вили наредени една врз друга на таков начин што на која било парцела може да се формира вила со свој стил“, велат од студиото.
На приземјето ќе има голема тревна површина и целосно застаклени предни страни. На терасите ќе се излегува преку надворешни скали и ќе бидат разубавени со зеленило. Секоја вила има свој базен.