Овогодинешниот божиќен сингл број еден ќе биде објавен на 20 декември на Би-Би-Си радио 1, со мешавина од стари и нови хитови.
Минатата година, хитот на „Вем“ „Минатиот Божиќ“ се најде на врвот на топ-листата за првпат од неговото објавување во 1984, а има шанси годинава истата песна да биде прогласена за победник, 40 години отакако е издадена.
Хитот кој го испеа Џорџ Мајк се врати на првото место последната недела пред Божиќ во 2023, бидејќи луѓето го пуштаа за да влезат во празничниот дух. Исто така, повторно е издаден на цеде и винил по повод неговата 40-годишнина.
Уште еден сезонски производ, „Сè што сакам за Божиќ си ти“ (All I want for Christmas Is You) на Мараја Кери, не е далеку зад хитот на „Вем“. Мараја Кери лани беше на третото место.
„Божиќ е единствениот период каде што можете да продадете многу физички копии на цедеа и плочи. Луѓето сакаат да купуваат подароци“, велат музичките уредници на Би-Би-Си.
„Џорџ Мајкл, кој почина во 2016 година, отсекогаш сакаше песната да биде хит број еден за Божиќ. Тој велеше дека секој голем текстописец треба да знае да напише божиќен хит по нарачка“, кажа неговиот колега Ендрју Риџли.