МОДЕЛИ НА „АЛФА РОМЕО“ ЈА УКРАСИЈА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Моделите на италијанската автокомпанија „Алфа ромео“ ги пречекаа гостите на централната прослава на Денот на Републиката, што во организација на амбасадата на Италија синоќа се одржа во комплексот „Македонско село”. Изложените модели „џулија“ и „стелвио“ автентично го доловија духот на Италија.

„Џулија“ е икона на италијанскиот дизајн, при што богатата историја на компанијата е искомбинирана со врвна технологија, високи перформанси и со заводнички стил.

„Стелвио“, пак, е првиот теренец на „Алфа ромео“, кој ги исполни највисоките очекувања за неверојатно задоволство при возењето, што вклучува удобност, флексибилност и нескротлив спортски дух. Секој детаљ е замислен да ја подобри аеродинамиката и да ги нагласи перформансите на возилото без драма.