Сара Дојчиноска од Охрид ја освои титулата втора придружничка, а Белисима Лукарова од Скопје е четврта придружничка на изборот за Мис топ модел на Земјата (Miss Top Model Earth), кој се одржа во Тбилиси, Грузија. Победничката на изборот е претставничката на Украина, а првата придружничка доаѓа од Казахстан.
„Ова е нов избор за убавина, се одржа за првпат во организација на продукцијата ‘Аја‘ од Бејрут, со намера да стане традиционален“, изјави модниот менаџер Мики Црнокрак.

Двете наградени девојки се членки на модното студио „Црнокрак“. Креациите со кои тие се претставија во Грузија се дело на модната дизајнерка Елена Лука, вели Црнокрак.