МОНТ ЕВЕРЕСТ СЕГА Е МНОГУ ВАЛКАН И ПРЕПОЛН СО ЛУЃЕ, ВЕЛИ ПОСЛЕДНИОТ ЖИВ ЧЛЕН НА ПРВАТА ЕКСПЕДИЦИЈА

Непал, (Гардијан)

Единствениот жив член на првата експедиција на Монт Еверест изјави дека највисокиот врв на светот денес е многу валкан и преполн со луѓе, додавајќи дека планината е бог кој треба да се почитува.

Сега 91-годишниот Канчха Шерпа беше дел од 35-члениот тим кој им помогна на Едмунд Хилари и на неговиот водич Тензинг Шерпа да се искачат на Монт Еверест на 29 мај 1953, станувајќи први луѓе кои го направиле тоа.

Би било подобро за планината кога би се намалил бројот на планинари. Сега секогаш има метеж на врвот“, вели Канчха.

Канчха Шерпа вели дека Еверест е бог за неговиот народ (Фото: АП)

Од таа историска експедиција, илјадници луѓе го имаат качено највисокиот врв на светот, а гужвите секоја година се сѐ поголеми. За време на ланската пролетна сезона, 667 луѓе се искачија на врвот, доведувајќи илјадници придружници со себе во базниот камп.

Многу е валкано сега. Луѓето фрлаат конзерви и остатоци од храна. Некои планинари само го фрлаат својот отпад во процепите“, вели Канчха.

За локалните луѓе, Еверест е мајка божица на светот и тие редовно изведуваат верски ритуали пред почетокот на секоја сезона.

„Планината е нашиот најголем бог и не би требало да ги валкаме боговите“, додаде Канчха, кој бил еден од тројцата шерпаси кои стигнале до последниот камп со Хилари и Тензинг, но не смееле да одат понатаму зашто немале дозвола.

(Фото: АФП)