Секоја недела од 12 часот, на Македонската телевизија ќе се прикажува претстава од репертоарот на Театарот за деца и младинци. Утре ќе се прикаже претставата „Убавицата и ѕверот“.
„На овој начин сакаме да продолжиме да се дружиме со нашата верна публика додека седиме дома, а воедно да го одбележиме нашиот 30. роденден, кој е на 25 март“, велат од Театарот.
Мотото на годинашниот јубилеј е „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“. Првата претстава „Чудовиштата од нашиот град“ е изведена на 25 март 1990.
Со одлука на Владата, од 10 март сите воспитно-образовни институции, културни установи, библиотеки и студенски домови се затворени поради ширењето на коронавирусот. Властите секојдневно апелираат граѓаните да седат дома за да го заштитат своето и јавното здравје.