НАСА ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ ГО ИЗГУБИ КОНТАКТОТ СО СОНДАТА „ИНСАЈТ“ НА МАРС, ПРВА КОЈА РЕГИСТРИРАШЕ МАРСОТРЕСИ

Флорида, (АП)

НАСА го изгуби контактот со сондата „Инсајт“ по повеќе од четири години на Марс. Нејзината моќност постепено се намалуваше во изминатите месеци поради прашината што се таложела на соларните панели.

Контролорите на Земјата беа свесни дека крајот е близу. Сондата од неделата не одговарала на комуникациите.

Претпоставуваме дека ‘Инсајт‘ стигна до крајот на своите операции на Марс. Ќе продолжиме да се обидуваме да ја контактираме за секој случај“, соопшти НАСА.

Слетувањето на „Инсајт“ на површината на Марс во ноември 2018 беше уште еден голем успех на НАСА. Со себе носеше разни инструменти за да ја испита внатрешната структура на овој карпест свет и беше првото летало кое регистрираше марсотреси. Во својот животен век, „Инсајт“ детектираше повеќе од 1.300 марсотреси со својот сеизмометар од француско производство, вклучувајќи неколку предизвикани од удари на метеороиди.

НАСА има уште два активни ровера на Марс, „Кјуриосити“ и „Персеверанс“, кои се таму од 2012, односно од 2021.

(Фото: АП)