НАСТАПИ ГОДИНАТА НА ЗМЕЈОТ, СИМБОЛ НА МОЌ, СИЛА И СРЕЌА

Кина, (АП)

Милиони луѓе низ светот денеска ја слават Лунарната нова година, кога во Кина почнува 15-дневниот Пролетен фестивал. А, според кинескиот календар, денеска настапува и Годината на змејот.

Змејот е единственото животно во кинескиот зодијак кое е митолошко суштество. Во кинеската култура, змејот симболизира среќа, сила и моќ. Тие исто ги контролираат времето и водата.

Оние кои се суеверни одат дотаму што се обидуваат да добијат бебе во Годината на змејот, верувајќи дека змејовите се предодредени за величина и среќа.

Според Лора Лау, коавторката на книгата „Прирачник за кинеските хороскопи“, особините на змејот вклучуваат креативност, моќ и харизма.

Тие се самоуверени, па имаат его. Тие се енергични и избувливи по природа“, вели Лау.

Годината на змејот доаѓа по Годината на зајакот, кој е дипломат и миротворец.

Наспроти зајакот, змејот е многу јасен и со него знаете на што сте. Тие се како отворена книга. Брзи се и нема да одолговлекуваат многу“, вели Лау.

Секоја година има и свој елемент, па ова е годината на дрвен змеј и Лау додава дека дрвото го ублажува змејот.

(Фото: Гети)