НАСТАПУВА ГОДИНАТА НА ЗМИЈАТА, ЗНАК НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И КРЕАТИВНОСТ

Кина, (Јуроњуз)

Азиските заедници низ целиот свет денеска ја слават Лунарната нова година, при што 2025 е означена како Година на змијата според кинескиот хороскоп.

Змијата е шестото животно во хороскопскиот циклус и важен мотив во кинеската митологија. Традиционално е поврзана со интуиција, мудрост, лукавост, страст и шарм, но и трансформација. Сето ова значи дека годината се смета за време на размислување и опаѓање на кожата, односно личен раст. За луѓето родени во Годината на змијата се верува дека се интелигентни и грациозни.

Секоја година има и свој елемент, па ова е годината на дрвена змија, што ја прави шармантен и креативен знак.

„Луѓето родени во Годината на змијата се длабоки мислители, добри во решавање проблеми и одлични комуникатори, иако можат да бидат и рамнодушни, скептични, посесивни и тврдоглави. Елементот за 2025 година е дрвото, а за дрвената змија се вели дека е прецизна, смирена, креативна и има логично размислување“, вели Џинг Хан, професорот на Институтот за австралиска и кинеска култура и уметност на Универзитетот Западен Сиднеј.

(Фото: АП)