Том Хенкс ги осудува неодамнешните медицински реклами кои прикажуваат лик сличен на неговиот создаден со вештачка интелигенција без негова согласност.
Добитникот на Оскар сподели изјава за јавноста во која ги напаѓа луѓето кои стојат зад рекламите и ги предупредува ги своите 9,5 милиони следбеници на Инстаграм да не се „залажуваат“ со попустите и промоциите кои го користат неговиот имиџ и глас.
„Постојат повеќе реклами на Интернет со лажно користење на моето име, сличен лик и глас, кои промовираат чудотворни лекови“, напиша Хенкс во изјавата. „Овие реклами се создадени без моја согласност, со измама и преку вештачка интелигенција. Немам никаква врска со овие објави или со производите и третманите, или со тие кои ги рекламираат овие лекови“.
Тој додаде: „Имам дијабетес тип 2 и работам само со мојот овластен лекар. Не лажете се, не трошете ги залудно парите“.