НЕ ЗЕМАЈТЕ КАФЕ ВО АВИОН, АПАРАТИТЕ СЕ ВАЛКАНИ И БРЗО СЕ РАСИПУВААТ, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКА СТЈУРДЕСА

САД, (Дејли паспорт)

За многумина кафето е омилен пијалак во авион, но американска стјуардеса препорачува да не се нарачува за време на летот. Стјуардесата Кат Камалани предупредувa дека е подобро да се избегнуваат пијалаци кои не се служат во лименка или пластично шише. Таа ги советува патниците да избегнуваат кафе, чај и слични пијалаци за кои треба топла вода.

„Причината за ова е што резервоарите за вода во авионите ретко се чистат и често се валкани“, вели Камалани и додава дека и стјуардесите ретко пијат кафе или чај во работно време.

Камалани предупредува дека машините за кафе во авионите често не се чистат, а кафето често се подготвува во близина на тоалетите.

Истражување на Центарот за политика на храна на колеџот Хантер од 2019 откри дека резервоарите за вода во авионите лоцирани близу тоалети често го користат истиот извор на вода. Иако системот за вода за пиење се чисти редовно, апаратите за кафе бараат честа заменa.