Меѓу стоте најплатени спортисти во светот нема ниедна жена, според листата објавена од „Спортико“.
Најплатената спортистка е тениската ѕвезда Коко Гоф (фото), која лани заработила 30,4 милиони долари, седум милиони помалку од она што беше потребно да се пробие во топ-100.
Втора година по ред, на врвот на листата е фудбалерот Кристијано Роналдо со заработени 260 милиони долари, од кои 215 милиони отпаѓаат на договорот со саудискиот клуб Ал Наср.
По него следуваат кошаркарот Стефен Кари со 153,8 милиони долари, боксерот Тајсон Фјури (147 милиони), фудбалерот Лео Меси (135) и НБА-ѕвездата Леброн Џејмс (133,2).
Во групата со заработени 100 милиони долари се и Олександр Усик (бокс), Нејмар, Карим Бензема, Килијан Мбапе (фудбал), Џон Рам, Скоти Шефлер (голф) и Дак Прескот (американски фудбал).
Спортистите од листата доаѓаат од 27 држави.
(Фото: АП)