АКТЕРИ ЌЕ СЛУЖАТ ВО СКОПСКО КАФУЛЕ ЗА ПОДДРШКА НА СПОРТИСТИТЕ ОД СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва од 21.30 часот, во „Кози бар“ во Скопје ќе се одржи хуманитарната акција „Актери во акција“.

Актери и актерки од Македонскиот народен театар, Драмски театар и од Театар Комедија ќе ги послужуваат гостите и ќе работат на шанк, со цел да се соберат средства за настапот на спортистите од Специјалната олимпијада на Игрите во Абу Даби во 2019 година.

Ова е прв настан од кампањата за подготовки и заминување на 27-члената екипа на Олимписките игри во март.

„Нашата задача е да се собереме во што поголем број и секој да придонесе во кутијата за донации, кој колку може и сака, а ‘Кози бар’ ќе донира 20 отсто од прометот од тој ден“, велат актерите.

Меѓу актерите кои се најавени се Никола Ацевски, Жарко Димоски, Славиша Кајевски, Нина Деан, Сања Арсовска, Ана Стојановска, Игор Стојчевски, Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски.