Фестивалот Гластонбери е познат како по ѕвездената листа учесници, така и по морето од ѓубре кое остануваше по него секоја година. Тој се враќа ова лето по една година пауза со една голема измена: нема да има пластични шишиња.

Организаторите објавија дека ја забранија употребата на еднократни пластични шишиња, откако пред две години посетителите зад себе оставиле 1,3 милиони парчиња.

„Цел свет води борба против пластиката и моравме и ние да преземеме вистински чекори. Нè прогонуваа сликите од фестивалското земјиште цело прекриено со пластични шишиња и работевме на ова во меѓувреме. Разговаравме со нашите партнери за да се справиме со овој проблем. Ги охрабруваме посетителите да носат свои шишиња за повеќекратна употреба, а такви ќе има и на самиот фестивал“, изјави коорганизаторката на Гластонбери, Емили Ивис.

Организацијата „Гринпис“ проценува дека 12,7 тони пластика завршуваат во океаните секоја година.