Вечерва во 19 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Асемантички записи“ на уметницата Ивона Тричковска.

Изложбата, која лани беше поставена во Виена, претставува продолжение на проектот „Јазикот на ѕидот“ во Стариот амам во Тетово (2017). Составен е од насликани неврамени платна со нагласена ѕидна монументалност, во кои доминира специфичен текстуален графицизам.

Тричковска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Вработена е во Националниот конзерваторски центар во Скопје како виш конзерватор-реставратор на иконописни дела.