Непал ќе ги поскапи дозволите за искачување Монт Еверест за 36%, што е прва ваква мерка по речиси десет години.
Парите од дозволите и други трошења на странските планинари се клучен извор на приходи за сиромашната држава, која е дом на осум планини повисоки од 8.000 метри.
Дозвола за искачување на 8.849 метри високата планина ќе поскапи од 11.000 на 15.000 долари, објави генералниот директор на одделот за туризам на Непал, Нарајан Прасад Регми.
Новата цена ќе почне да важи во септември и ќе го опфати врвот на следната сезона на качување во април/мај. За помалку популарните периоди септември-ноември и декември-февруари цената ќе порасне на 7.500 долари, односно на 3.750 долари.
Непал издава околу 300 дозволи за качување Монт Еверест секоја година.
(Фото: АП)