Европската Унија го отфрли барањето на научници од Универзитетот во Тилбург дека и мачките би требало да бидат врзани заради поголема заштита на загрозени видови птици и околината.

Од Унијата им одговориле дека немаат намера на мачките да им го ускратат правото да лутаат.

„Европската Унија е голем бранител на правото на слобода на движење, што ги вклучува и мачките и никогаш нема да ги принуди да бидат во затворено или врзани, како што сугерира едно научно истражување“, изјавија од Брисел.

Холандски научници објавија студија во која се вели дека домашните мачки поради своето слободно движење влијаат врз биодиверзитетот прелу ловење, вознемирување, болести и хибридизација, додавајќи дека ова е полошо отколку што се мислеше. Тие затоа побараа од европските политичари да донесат закон со кој сопствениците на мачки ќе бидат обврзани да ги чуваат своите миленици дома или да ги врзуваат.