ЕУ БАРА СМАРТФОНИ И ДРУГИ ЕЛЕКТРОНСКИ УРЕДИ ДА БИДАТ СО УНИВЕРЗАЛЕН ПОЛНАЧ

Брисел, (Би-Би-Си)

Европската Унија ќе побара од производителите да нудат универзална опција за полнење на мобилни телефони и помали електронски уреди. Целта е да се намали електронскиот отпад, а корисниците да ги користат постојните полначи кога купуваат нов уред.

Според предлогот, сите смартофони што се продаваат во ЕУ ќе мора да имаат УСБ-Ц полнач. „Епл“ вели дека се противи на одлуката зашто може да штети на иновациите. Смартфоните „ајфон“ на американската компанија имаат поинаков отвор за полнење, односно го користат конекторот „лајтнинг“.

Повеќето телефони со „андроид“ доаѓаат со УСБ микро-Б отворите за полнење или веќе се имаат префрлено на помодерниот стандард УСБ-Ц. И новите модели на „ајпед“ и „мекбук“ се со УСБ-Ц, како и најмодерните смартфони на популарни производители, како „Самсунг“ и „Хуавеи“.

Предложеното правило би се однесувало на смртфони, таблети, камери, слушалки, конзоли за видеоигри и преносни звучници.

Минатата година, во ЕУ биле продадени 420 милиони мобилни телефони и други преносни уреди, додека каблите за полнење прават 11.000 тони отпад годишно.