НОВ ОСТРОВ СЕ РОДИ ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ЈАПОНИЈА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПОДВОДНИ ВУЛКАНСКИ ЕРУПЦИИ

Токио, (АП)

Подводен вулкан кој еруптираше покрај брегот на Јапонија пред три недели овозможи да се сведочи на раѓањето на нов остров, но научниците велат дека тој нема да постои долго.

Неименуваниот подводен вулкан, лоциран еден километар покрај јужниот брег на Иво Џима, почнал да еруптира на 21 октомври. Во наредните десет дена, вулканските карпи и пепел се натрупаа на плиткото морско дно, издигнувајќи се над површината на водата. Во почетокот на ноември, тоа стана нов остров со дијаметар од 100 метри и височина од 20 метри над површината на морето, изјави Јуџи Усуи, аналитичар во одделот за вулкани во Јапонската метеоролошка агенција.

Научниците велат дека островот нема да постои долго (Фото: АП)

Вулканските активности се зголемија покрај Иво Џима и во изминатите години се случуваа слични подводни ерупции, но формирањето нов остров е нешто ново“, додаде Усуи.

Откако ерупциите се стишаа, новосоздадениот остров почна да се намалува зашто брановите лесно ја носат неговата ронлива структура.

Новиот остров ќе можеше подолго да преживее доколку од вулканот излегуваше лава. Вака, нема да трае долго“, изјави Усуи.

(Фото: АП)