НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД НА РЕД БУЛ – ГИ ПРОМЕНИЈА ГУМИТЕ ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВЕ СЕКУНДИ (ВИДЕО)

Сао Пауло, (Мотор1)

Познато е дека Ред бул ги има најбрзите механичари во Формула 1 и тие повторно се надминаа себеси на неделната трка за Големата награда на Бразил.

Тие поставија нов светски рекорд, третпат оваа сезона, откако во 21. круг ги променија гумите на болидот на Макс Ферстапен за неверојатни една секунда и 82 стотинки, шест стотинки побрзо од досегашниот рекорд. Холанѓанецот подоцна и победи на трката.

Просечното менување гуми во Формула 1 трае 2,4 секунди.

Бидејќи горивото веќе не се долева за време на трките, единствената работа на механичарите при пит-стоп е менување гуми. Тоа го прави тим од 16-мина добро уиграни луѓе, од кои половина ги симнуваат и ставаат тркалата, двајца го креваат болидот, двајца се задолжени за стабилизација, а четворица со пневматски пиштол ги стегнуваат новите тркала.