ОТКРИЕНИ ШЕСТ ПЛАНЕТИ КОИ КРУЖАТ ОКОЛУ СВОЈАТА ЅВЕЗДА ВО КООРДИНИРАН ТАНЦ

Чикаго, (Гардијан)

Научниците открија шест планети кои кружат околу својата ѕвезда во координиран танц. Тие се откриени во соѕвездието Береникина Коса, оддалечено 100 светлосни години од Земјата, а нивната ѕвезда има 20% помала маса од нашето Сонце.

Научниците кажаа дека времето што ѝ е потребно на една планета да патува околу ѕвездата е поврзано со времето на следната планета со уреден сооднос.

Овој систем има многу деликатна резонантна конфигурација, која е зачувана милијарди години“, изјави Рафаел Луке од Универзитетот во Чикаго.

Само околу 1% од набљудуваните планетарни системи покажуваат резонанца, а уште помалку вклучуваат дури шест планети кои се движат на координиран начин.