ПАПАТА ФРАЊО ПРИЗНА ДЕКА НЕКОГАШ ЗАСПИВА ДОДЕКА СЕ МОЛИ

Рим, (Би-Би-Си)

Папата Фрањо призна дека понекогаш дреме додека се моли.

„Кога се молам, понекогаш заспивам“, кажа тој во емисија на католичката телевизија „ТВ 2000“, објавена на Јутјуб.

„И Света Тереза го правела тоа“, кажа 80-годишниот папа за католичката светица од 19. век.

Но, како што кажа тој, заспивањето за време на молитва, всушност, му се допаѓа на Бог и дека христијаните се повикани „да се чувствуваат како деца кои лежат во рацете на нивните татковци“.

Според извештајот, папата обично оди на спиење околу 21 часот по локално време, а се буди околу четири наутро.

Аргентинецот е на чело на Римокатоличката црква од 2013 година и има набиена агенда со интернационални посети и јавни настапи. Тој стана познат по умерените реформи и отвореност во неговото папство, како што е употребата на едноставен директен јазик.