Во Галеријата на Младински културен центар во Скопје вечерва (20 часот) се отвора изложба на цртежи на Владимир Величковски, насловена „Вибрантен сликопис”. По тој повод, Величковски потсети дека својата прва самостојна изложба ја организирал пред 50 години токму во просториите на тогашниот Дом на млади „25 Maj”.
Владимир Величковски (1949) е сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор и ликовен критичар. Дипломирал (1974) и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1997), а магистрирал на Филозофскиот факултет во Белград (1985). Бил професор по современа светска и македонска уметност на Филозофскиот факултет во Скопје и член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Меѓународното здружение на ликовни критичари.
Досега објавил повеќе од 80 монографии и книги од областа на ликовните уметности, особено за современата уметност.