Дваесет и девет дела од еден од најреномираните македонски уметници Илија Пенушлиски се дел од изложбата, која ќе се отвори вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.
Делата во техниката акрилик на платно се создадени во изминатите пет години. Последната негова изложба во Македонија беше пред десетина години, исто така во КИЦ.
Пенушлиски е роден во Скопје, дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, а постдипломски студии завршил на институтот „Прат“ во Њујорк како Фулбрајтов стипендист. Досега има организирано бројни самостојни и групни изложби во Европа и САД.