„Пивара Скопје“ лансираше нова категорија пијалаци, сајдер, еден од најпопуларните нискоалкохолни освежителни пијалаци на светот. Од портфолиото на „Хајнекен“ доаѓаат два бренда – „Strongbow“ и „Apple Bandit“.
„Следејќи ги пазарните трендови, како и преференците и потребите на потрошувачите, кои секогаш се во фокусот на нашето работење, ‘Пивара Скопје‘ одново ја проширува својата понуда. Тоа е уникатното природно освежување, што го овозможуваат двата водечки сајдер бренда, ‘Strongbow‘ и ‘Apple Bandit‘“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.
Сајдер е пијалак што се добива со ферментација на јаболка како природна состојка, но може да се најде со разни вкусови. Се карактеризира со лесен сладок до слатко-киселкаст вкус. Покрај „Apple Bandit“ и „Strongbow“ со вкус на јаболко, „Пивара Скопје“ нуди и „Strongbow“ со природен вкус на шумско овошје. Овие пијалаци содржат 4,5% алкохол.