ПИВО И МУЗИКА НА СКОПСКИ ПИВСКИ ВИКЕНД ОД 13 ДО 15 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 13 до 15 септември на стадионот на АРМ во Градски парк ќе се одржи манифестацијата Скопски пивски викенд.

Меѓу изведувачите кои ќе настапат првата вечер е аренби дуото „ДНК“, а следниот ден се Суперхикс“ (фото), гости од Србија и поп-пејачката Бојана Скендеровски. Фолк пејачите Наум Петрески и Миле Кузмановски ќе го затворат фестивалот на 15 септември.

Организаторите најавуваат повеќе видови пиво и храна на настанот.