„ПМГ КОЛЕКТИВ ОРКЕСТАР“ И „СЕТСТЕТ“ НА КОНЦЕРТ ВО СОФИЈА

Софија, (СМАРТ СДК.МК)

Утревечер во Софија во клубот „Синглс“, кој се наоѓа во Националната палата за култура, концерт ќе одржат македонските бендови „Сетстет“ и „ПМГ Колектив оркестар“. Тој е дел од концертната серија на дводневниот музички настан организиран од „Аларма панк џез“ од Софија, во соработка со музичката програма „Христо Ботев“ при Бугарското национално радио.

Првиот ден е македонска музичка вечер со настапите на „Сетстет“ и „ПМГ Колектив“, кои го претставуваат и македонскиот фестивал за џез и светска музика Крај Вардарот џез пред тамошната публика.

„Со ова гостување воспоставуваме континуитет во меѓународната соработка на полето на современа, џез и светска музика помеѓу музичари, продуценти и културни актери од Македонија и Бугарија, започната во 2022 со гостувањето на бугарскиот состав ‘Спејс трио‘ на третото издание на Крај Вардарот џез во Скопје“, велат организаторите на фестивалот.