ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ, УТРЕ СЕ ОТВОРА КИНОТО МИЛЕНИУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
(from left) Ramsey (Nathalie Emmanuel) and Dom (Vin Diesel) in "F9," directed by Justin Lin.

По шестмесечната пауза поради ковид рестрикциите, утре повторно со работа почнува киното Милениум.

На репертоарот се новото продолжение на филмската сага „Брзи и бесни“, „Денови на гнев“ од Гај Ричи, драмата „Шарлатан“, современата верзија на класичниот роман на Чарлс Дикенс „Твист“ и шведскиот анимиран филм „Безопашестиот Пеле“.

Билетите се достапни на билетарницата по цена од 150 денари. Киното препорачува електронска набавка на билети, како и бесконтактно плаќање доколку билетот се купува на билетарницата.

Протоколот за киното е објавен на неговата веб-страница, во кој, меѓу другото, се истакнува дека маските за задолжителни за време на целиот престој внатре и забрането е групирање.